Шок пресврт! Командантот на Црноморската флота Соколов жив и здрав?! Русија објави видео! (ВИДЕО)

Командантот на руската Црноморска флота, адмирал Виктор Соколов, е жив и здрав и покрај пишувањата на западните медиуми дека е убиен во украинскиот напад врз седиштето на Црноморската флота во Севастопол, јавуваат руските медиуми.

Шок пресврт! Командантот на Црноморската флота Соколов жив и здрав?! Русија објави видео! (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Руската Федерација објави видео на кое се гледа како командантот Соколов учествува на состанок на врвот на армијата.

Да потсетиме, Украина во понеделникот објави дека нејзиниот командант, адмирал Виктор Соколов, загинал во ракетен напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, Крим.

Според истото тврдење, покрај Соколов, загинале уште 34 руски офицери, а 105 биле ранети.

Адмиралот Виктор Николаевич Соколов е највисок командант на Црноморската флота од 2022 година. Во текот на 2016 година, како заменик командант, тој беше одговорен за одредот на Северната флота во операциите во близина на брегот на Сирија за време на руската интервенција таму.

Началникот на рускиот Генералштаб Валери Герасимов го одликуваше Соколов за неговите заслуги по неколкумесечни операции. После тоа, Соколов се вратил со работната група во матичните бази на флотата во северна Русија.

Во јануари 2020 година, тој ја напушти позицијата заменик командант на Северната флота за да ја преземе новата позиција началник на поморската академија Кузњецов. Во август 2022 година, за време на рускиот напад на Украина, беше објавено дека тој ја презел командата на Црноморската флота.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.