понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Шолц, Макрон и Туск се согласија да ја засилат светската набавка на муниција за Украина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шолц рече дека помошта за Украина платена преку Европската Унија ќе биде зголемена и дека европските земји ќе ги користат приходите од замрзнатите руски средства за да финансираат понатамошни набавки на оружје

Емануел Макрон, Олаф Шолц и Доналд Туск се ракуваат по прес-конференцијата во Канцеларијата во Берлин, Германија / ФОТО: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Олаф Шолц, Емануел Макрон и Доналд Туск, лидерите на трите европски воени сили Германија, Франција и Полска се согласија да ја засилат светската набавка на муниција за Украина, пренесува „Гардијан“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече „денес, повеќе од кога било, нашето единство е нашата сила, а пред сè нашите три држави Германија, Полска и Франција сносат посебна одговорност.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Ќе набавиме уште повеќе оружје – на целиот светски пазар. Производството на воена опрема треба да се прошири, вклучително и во Украина“,

рече Шолц.

Тој рече и дека производството на воена опрема ќе се прошири во соработка со партнерите во Украина и дека ќе се формира нова коалиција за снабдување на Украина со ракети со долг дострел.

„Ние делиме едно убедување: Украина е за нашата безбедност и нашата иднина. Заедничката волја е да се поддржува Украина онолку долго колку што е потребно и да не се дозволи Русија да ја добие својата војна за агресија“,

рече Макрон попладнево во Берлин.

Тој додаде дека ова е сериозен момент, кога наидува нова ера, а тие, како што рече, ќе бидат таму.

„А, фактот што ние тројцата сме обединети на овој ден, решени никогаш да не дозволиме Русија да победи и да го поддржиме украинскиот народ до крај, е сила за нас, нашите народи, нашата безбедност и нашата Европа“,

додаде Макрон.

Полскиот премиер Доналд Туск рече дека сакаат да помогнат на секој можен начин за ситуацијата во Украина во наредните недели и месеци да се подобри, а не да се влоши.

Шолц рече дека помошта за Украина платена преку Европската Унија ќе биде зголемена и дека европските земји ќе ги користат приходите од замрзнатите руски средства за да ги финансираат понатамошните набавки на оружје.

Поврзани вести