Шолц одби да одговори дали Германија ќе го уапси Нетанјаху

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одби да одговори дали Германија ќе ја изврши потенцијалната потерница на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Шолц изјавил дека за таква наредба ќе одлучува совет од судии кои „ќе имаат на ум дека Израел е демократска држава со силно и независно судство“, пренесува Тајмс оф Израел, пренесува Танјуг.

Владата на Шолц вчера беше под остри критики од Израел, откако нејзиниот портпарол рече дека Германија „се разбира“ ќе се придржува кон потенцијалниот налог на МКС.

Во понеделникот, главниот обвинител на МКС Карим Кан побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „предизвикување истребување, користење гладување како метод на војна, вклучително и задржување на хуманитарна помош и намерно таргетирање цивили во конфликтот“.

Покрај тоа, судот побара апсење на лидерите на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије. Тројцата се обвинети за „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад“.

Пронајдете не на следниве мрежи: