Шпанец евакуиран од „Хондиус“ позитивен на хантавирус

Шпанец кој е во карантин во Мадрид откако бил евакуиран од крузер на Тенерифе е позитивен на хантавирус, соопшти Министерството за здравство.

Останатите 13 Шпанци кои се во карантин во истата воена болница се негативни на вирусот, се вели во соопштението.

Пациентот е асимптоматски и во добра здравствена состојба, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека се во тек дополнителни тестови. Конечниот резултат ќе биде познат во наредните часови, пренесува Срна.

Крузерот „MV Hondius“ исплови од Тенерифе, на Канарските Острови, откако последните шест патници и преостанатите членови на екипажот беа евакуирани од бродот.

Крузерот се упатува кон Холандија, каде што ќе биде дезинфициран.

Пронајдете не на следниве мрежи: