Шпанија вработува 50.000 здравствени работници

Поради порастот на инфицирани луѓе од Ковид-19 во Шпанија на работа ќе бидат вратени пензионираните лекари и медицински сестри, а ќе се вработуваат и студентите по медицина, кои се последна година на факултет.
Во Шпанија вчера се регистрирани 4.360 новозаразени со новиот коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 18.077 лица. Додека вчера починаа 66 пациенти со што бројката на смртни случаи се искачи на 833. Шпанија е втора европска држава по Италија со најголем број на заболени.
Шпанското Министерство за здравство најави дека ќе регрутира 50.000 нови здравствени работници.
Во Шпанија од неделата беше воведена вонредна состојба и околу 74 милиони Шпанци не смеат да излегуваат на улиците, освен за одење на работа, на болница, за купување на храна и лекови, а работат и аптеките и бензиските станици.

Прочитајте и ова на иста тема:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.