четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шпанија тагува: Почина деветгодишната ќерка на Луис Енрике

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тој 26 март годинава неочекувано се повлече од подготовките на шпанската фудбалска репрезентација во пресрет на мечот со Малта. Три месеци подоцна, на 19 јуни без да изнесува детали Луис Енрике објави дека целосно се повлекува од кормилото на “Црвената фурија“. Само се заблагодари на  Фудбалскиот сојуз на Шпанија за разбирањето, а на соработниците, на фудбалерите и медиумите за однесувањето во изминатите неколку месеци.
Всушност, таа разделба беше почетокот на големата борба на Луис Енрике за животот на своето дете, чиј живот, за жал, згасна прерано. Малата Шана, деветгодишната ќерка на прославениот фудбалер и тренер на “Барселона“ почина од рак на коските.
“Нашата ќерка Шана почина попладнево во деветата година по петмесечната интензивна борба со туморот. Благодарност до сите кои во изминатиов период водеа сметка за дискрецијата и имаа разбирање за нашата борба. Благодарност до докторите и медицинските сестри, но и до сите свештени лица кои се молеа за неа. Шана многу ќе ни недостасува, но ќе се сеќаваме на неа до крајот на животот и се надеваме дека ќе се сретнеме некаде. Ќе биде ѕвезда водилка на нашето семејство. Спиј мирно“, стои во соопштението кое Луис Енрике го испрати до шпанската јавност.

 

Поврзани вести