Шпанците пишуваа за Новак Ѓоковиќ, ги споменаа Федерер и Надал и рекоа: „Светот е запрепастен…“

Финалето на Австралија Опен се играше пред четири дена, но за натпреварот помеѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ , како и за целиот настап на овие двајца играчи во Мелбурн, продолжува да се пишува

Дури и Шпанците не престануваат да пишуваат пофалби за Новак, кој на 39-годишна возраст продолжи да ги поместува границите на реалноста. Тој го победи Јаник Синер во пет сета, одигра одлично и во финалето и беше блиску до својата 25-та титула од Гренд слем турнирите.

Шпанскиот весник „АС“ ги спомена Роџер Федерер и Рафаел Надал, а потоа и Карлос Алкараз, сè поради Новак – „ Светот е запрепастен од Ѓоковиќ: Ни покажа величина за вечноста“ – гласи насловот.

– Австралија Опен 2026 ни го донесе Карлос Алкараз како шампион, но и преродба на легенда како Новак Ѓоковиќ. Тој ни покажа дека може да ги предизвика најголемите светски рекети од новата генерација. Како последен херој од поранешната голема тројка што ја формираше со Рафаел Надал и Роџер Федерер. Светот аплаудираше на големата победа на Алкараз, но и на храброста на Ѓоковиќ кој на 38 години успеа неочекувано да го одигра поголемиот дел од финалето со Карлос. Затоа Србинот доби многу пораки за признание од целиот свет. Новак Ѓоковиќ не загуби вечерва во Мелбурн. Тој ни покажа како изгледа вечната величина – се вели, меѓу другото, во текстот на шпанскиот весник „АС“.
The post Шпанците пишуваа за Новак Ѓоковиќ, ги споменаа Федерер и Надал и рекоа: „Светот е запрепастен…“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: