Штом се породила, сопругот ѝ јавил дека ја остава: Кога стигнала дома доживеала уште поголем шок…

„Мојот сопруг побегна со мајка ми неколку дена откако го родив нашето второ дете“, така ја започнува својата приказна Џес Елдриџ (24), која неодамна добила син со Рајан Шелтон (29).
Бидејќи во Велика Британија и понатаму се на сила многуте мерки поради пандемијата, една од нив е и таа дека семејствата бираат мал број на членови кои ќе ги примат во својот круг на луѓе со кои секојдневно се гледаат – со лицата надвор од тој избран круг во тој момент не можат да се гледаат. Џес и Рајан решиле во својот круг да ги примат нејзината мајка Џорџина (44) и нејзиниот сопруг Ерик.
Џес вели дека Џорџина, баба на шест деца, почнала да флертува со Рајан веднаш откако се споиле семејствата и тоа додека била во последните недели од бременоста. Џес отишла во болница за да се породи, а кога се вратила со синот Рубен, дознала дека таткото на нејзиното бебе побегнал со нејзината мајка во куќа оддалечена неколку километри од нив.


„Тоа е неверојатно предавство. Новопечената баба би требало да се заљуби во бебето, не во таткото на бебето. Ја викнавме да нѝ се придружи, за нѝ помогне околу децата, а наместо тоа, таа ми го зема момчето“, вели Џес.
„Забележав дека практично веднаш почнаа да флертуваат и сè повеќе време поминуваа заедно. Кога ги обвинив за тоа, постојано негираа и ме уверуваа дека ништо не се случува. Сега знам дека целото тоа време имаа афера“, вели скршената Џес.


„Преку порака ми рече дека со нас е готово. Меѓутоа, не ми кажа дека ме остава поради мајка ми, тоа подоцна го дознав“, рекла таа, додавајќи дека мајка ѝ само кратко ѝ рекла:
„Не можеме да бираме во кого ќе се заљубиме“.Тештата и зетот, сега новопечен пар, својата врска ја официјализирале и на Фејсбук.
Џес со Рајан има и 2-годишна ќерка, а не ја коментирала можноста да се смири со мајка си после предавството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.