Што е „Бангаранга“? Победничката песна од Евровизија крие силна симболика

Бугарската пејачка Дара победи на 70-тото јубилејно издание на Евровизија, а по големиот триумф, вниманието на јавноста беше насочено кон значењето на нејзината победничка песна „Бангаранга“.

Дури и пред самото финале, Дара откри дека фановите најчесто ѝ поставуваат точно едно прашање – што всушност значи „Бангаранга“. Одговорот го сподели на својот Инстаграм профил, каде што ја објасни симболиката зад овој необичен израз во кратка, но моќна порака.

View this post on Instagram A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

„Бангаранга“ е инспирирана од кукерите – древни бугарски изведувачи на ритуали кои, според верувањето, ги бркаат злите сили. Во современ контекст, овој збор ја симболизира борбата против личните демони и внатрешните стравови. Бангаранга е моментот кога ја избирате љубовта пред стравот. Вашето повисоко јас е тоа што излегува на виделина – посилно од вознемиреноста, сомнежот, срамот и внатрешниот хаос“, објасни пејачот.

Таа додаде дека „Бангаранга“ не претставува напад, туку трансформација – внатрешна сила што не се стекнува, туку се буди во секоја индивидуа.

„Бангаранга не е нешто што стануваш. Тоа е нешто што го откриваш во себе. Затоа, секогаш кога животот станува страшен – не грижи се, биди Бангаранга“, рече Дара.

View this post on Instagram A post shared by DARA (@darnadude)

Да потсетиме, со оваа победа, Дара испиша историја, бидејќи ѝ го донесе на Бугарија првиот триумф на Евровизија . Благодарение на тоа, се очекува оваа земја за прв пат следната година да биде домаќин на едно од најгледаните музички натпревари во Европа.
The post Што е „Бангаранга“? Победничката песна од Евровизија крие силна симболика appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: