Што е всушност случајот ТАЛИР?? За што се работи??

Што е всушност случајот ТАЛИР?? За што се работи??

Во случајот обвинети се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, која ја призна вината и поради тоа доби условна казна.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе. Тие се обвинети за кривично дело незаконско финансирање правно лице – политичка партија“.

За предметот „Талир“ има уште едно обвинение за кое судот сè уште нема донесено одлука, а се однесува на незаконска изградба на партиското седиште. Според обвинението, Никола Груевски и Кирил Божиновски склучиле договор за изградба на објектот со градежната компанија „Бетон“ од Штип иако не смееле тоа да го направат затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со „Бетон“ тие договориле несразмерна корист за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин стекнале имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.

За ТАЛИР прочитајте уште и:

Силјан Мицевски: на сила платив 70.000 евра за да го спасам МЗТ

Извор: Правдико

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.