ШТО Е ПОВАЖНО – ШТО КАЖУВАШ ИЛИ КАКО ГО КАЖУВАШ!

Зборовите се оружје. Едно од најсилните. Со зборови може да се убие човек, но може и да се врати во живот. Со правилно избраните зборови можеш го да промениш односот кон тебе, да манипулираш, да менуваш милиони судбини, да убедуваш, да привлекуваш или да одвратуваш…
И како во однос на секое едно оружје, со него треба да се постапува внимателно и вешто.
Видете една интересна парабола која ќе ве убеди колку е важен  начинот на кој ги користиме зборовите. Еден источен владетел сонил страшен сон – како еден по еден паѓаат сите негови заби. Тој се исплашил и веднаш ги повикал  најпознатите толкувачи на соништа. Дошол толкувачот, слушнал што раскажал владетелот и загрижено рекол:
– Господару, треба да ви соопштам тажна вест. Вашиот сон значи дека еден по друг ќе ги изгубите сите ваши блиски. Владетелот толку се налутил од ова мрачно предвидување што веднаш го фрлил толкувачот  во темница. На другиот ден, сепак, решил да праша уште еден толкувач. Кога го слушнал сонот, тој радосно извикал:
– Господару, имам среќа да ви соопштам исклучително убава вест. Вие ќе ги надживеете сите свои роднини. Владетелот остана задоволен и среќен и великодушно го наградил човекот. Дворјаните биле многу изненадени од сè што виделе. Еден од нив се приближил до толкувачот на сништа и го прашал:
– Но ти му го кажа на господарот истото што му го предвиде и претходниот. Зошто ти доби награда, а тој отиде во затвор?
– Така е. Ниe и двајцата го протолкувавме сонот на ист начин, но го кажавме на поинаков начин. Понекогаш не е важно што кажуваш, туку како го кажуваш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.