петок, 27 ноември 2026
Најново

Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
„Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда“, коментира поранешниот премиер Зоран Заев за одлуката на Апелација да ја укине првостепената пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“ и да го врати на повторно судење.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Со двете поништени пресуди, оценува Заев, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на, како што вели, „грозоморните дејствија на режимската врхушка“. Истовремено, се мотивираат и други чинители да прават исти такви „грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција“, пишува Заев во реакцијата која ја објави на Фејсбук.

„Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ, тоа нема да го испере овој срам и блам“, заклучува поранешниот премиер.

Во реакцијата, тој ги повика сите надлежни од и околу правосудството, сите со, како што вели, „грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ“, да не дозволат да застарат делата на Мијалков, и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи, посочува, за нивните злодела „има докази чисти како ден“.

За потсетување, во првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“ за аферата за масовното нелегално прислушување, екс-шефот на УБК Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затворска казна, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби 4 години, а контраразузнавачите од таканаречената Петта управа на тогашната УБК – Никола Бошковски и Горан Грујовски – добија по 15 години затвор.

Поврзани вести