Македонија не ја оствари целта и не се пласира во главната фаза од Светското ракометно првенство. Всушност, беше многу далеку од тоа, а поблиску до прашањето кого и дали воопшто ќе победиме на овој Мундијал, во четирите натпревари кои ни преостануваат.
Одговорот ќе го добиеме во новоформираната група во т.н. Президент куп. Тоа е групата во која, покрај Македонија, ќе бидат Алжир, Тунис и Мароко, односно четвртопласираните селекции од групите Е, Ф, Г и Х.