Националниот молитвен појадок во Соединетите Американски Држави се одржува денес и иако звучи свечено, всушност е политичко-дипломатски настан со религиозен тон и прилично скромно мени.
Појадокот е закажан да започне во 7:30 часот наутро во Вашингтон, што ќе биде приближно 13:30 часот по средноевропско време.
Националниот молитвен појадок во Вашингтон традиционално нуди стандардно мени за појадок за своите над 3.500 учесници.
Менијата во претходните години вклучуваа:
разни колачи со крем сирење,
овесна каша,
киш со спанаќ,
свежо овошје,
јајца,
колбаси,
мафини,
кафе,
сок од портокал и
вода.
Менито е скромно и симболично, бидејќи храната не е поентата на настанот. Се внимава да биде неутрално и прифатливо за гости од различни култури, но и логистички едноставно за голем број луѓе.
Молитвениот појадок се одржува речиси секоја година од 1953 година, обично првиот четврток во февруари. На него се собираат политичари, верски водачи, бизнисмени и гости од целиот свет.
Од 2023 година, официјален организатор на настанот е Националната фондација за молитвен појадок – непрофитна организација основана за водење на настанот врз основа на одлуките на членовите на Конгресот на САД.
Формално, домаќини се Конгресот на САД и Белата куќа, но ова не е официјален настан на американската влада, туку приватен појадок спонзориран од овие две институции. Молитвениот појадок е организиран во хотелот Хилтон во Вашингтон.
Во текот на денот, покрај појадокот, се организираат помали состаноци, работилници, панели и неформални разговори што овозможуваат вмрежување и разговори меѓу учесниците.
The post Што има на менито за молитвен појадок во САД: Прилично скромна понуда за 3.500 гости appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



