Што мислат момчињата кога велат за некоја девојка дека е слатка?

Девојките поминуваат голем дел од времето размислувајќи и анализирајќи ги работите што ги кажале мажите, дури и кога тие навистина немаат никакво значење помеѓу редови. Мажите имаат најразлична палета на комплименти која ја користат и секоја од нив обично има свое знаење.
Ако некогаш сте се прашувале што мисли кога ви вели дека сте слатка, секси или убава, денес ќе ги добиете вашите одговори.
Ако вели дека сте слатка
Обично жените не го сакаат премногу овој комплимент затоа што делува премногу другарски, пријателски, а некои дебатираат дека „слатка“ е само неутрален и пријателски збор за девојка што не се квалификува како убава или секси. Но, вистината е дека овој збор е далеку од негативен.
Кога се зборува за некоја девојка дека е слатка, обично се мисли на девојка која е малку поповлечена и посрамежлива, но од друга страна полна со шарм и девојка на која лесно може да и се пријде затоа што не игра игри и е прилично воспитана и пријатна за разговор. Слатката девојка можеби е премногу срамежлива да го украде вниманието на сите во кафулето, но со нејзиниот шарм комотно би можела да го украде, доколку се ослободи од срамежливоста.


Физички, слатката девојка има нежни и меки црти на лицето и е младолика.
За сите што мислат дека слатка девојка не е комплимент, ова не е точно. Слаткате девојка не се труди премногу, но и не мора да се труди, затоа што е доволна таква каква што е.
Ако вели дека сте секси
Девојките за коишто се вели дека се секси, обично се и повеќе од свесни дека се секси.
Тоа е обично девојката која е главната атракција на забавата. Таа едноставно е и повеќе од забележлива. Иако повеќето од таа забележливост се должи на нејзиниот изглед, сепак во огромен дел , нејзината привлечност има врска со нејзината самодоверба, којашто за мажите е една од најпривлечните карактеристики.
Девојката којашто е секси не значи дека мора да биде разголена за да го добие овој комплимент. Девојката која што е секси и знае како да се однесува, има манири, знае како да разговара и знае и со зборови да го испровоцира оној со којшто зборува.
Сексапилот е многу повеќе од кратко мини здолниште и отворено деколте. Сексапилот може да биде и закопчана кошула до врат.


Ако вели дека сте убава
Ова веројатно е најдобриот комплимент кој што ќе го добиете од маж, бидејќи значи многу повеќе од изгледот на девојката. Убавата девојка е девојката којашто тој сака да ја задржи во својот живот, девојката што со гордост сака да ја запознае со неговите родители, девојката која што сака да ја држи за рака додека одат по улица.
Кога маж вели за жена дека е убава, тогаш тој зборува за нешто многу подлабоко од страст. Тоа значи дека таа ги поседува карактеристиките што треба да ги поседува девојката по негова мерка. Значи дека го има целиот пакет.
Да се биде убава е различно од тоа да се биде секси или слатка, но убава жена најверојатно има од се по нешто. Нејзе не и треба многу за да се истакне. Таа има природен изглед, ужива во себе и знае да го живее животот со полни гради. Таа знае кога да ужива по пижами дома, а кога да се дотера и да изгледа фантастично. И за него таа е прекрасна и во двата случаеви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.