ШТО МИСЛИТЕ, дали постојат или не најдобрите години за врска?

Вистинската љубов не познава години, е изрека која ја слушнавме илјада пати, особено кога станува збор за парови кои имаат поголема разлика во годините, но науката не го поткрепува ова тврдење.

Една студија спроведена на Универзитетот Емори во Атланта покажа дека разликата во годините помеѓу партнерите има големо влијание врз успехот на врската, како што пишува “Good Housekeeping”.

Во една студија која вклучува 3.000 парови, научниците откриле дека паровите со разлика од пет години имаат 18 проценти поголеми шанси за прекинување на врската од паровите кои се врсници.

Овој процент скокнува на 39 проценти за паровите со разлика од 10 години и до неверојатни 95 проценти во случаите кога разликата е 20 години.

Се чини дека резултатите само го потврдија веќе популарното мислење кај луѓето, а формулата за успешна љубовна врска звучи прилично едноставно – колку е помала разликата во годините, толку е поголема шансата за успех.

И ако се прашувате која е идеалната разлика, научниците велат дека најмногу шанси за успешна врска имаат паровите во кои едното лице е од другото постаро за само една година.

Сепак, имаше и ќе има парови кои ќе го докажат спротивното, но се чини дека дефинитивно е исклучок што само ќе го потврди правилото …

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.