Што му прави магнезиумот на вашето тело?

Грчеви во мускулите или константен замор, главоболки, лош сон, раздразливост, голема потреба за чоколадо се само дел од симптомите кои се јавуваат при недостаток на магнезиум во организмот.
Магнезиумот е еден од четирите најзастапени минерали во нашиот организам, потребен за повеќе од 300 телесни функции. Најмногу го има во коските и забите, а потоа во мускулите, меките ткива…
Како влијае овој минерал во нашиот организам?
1. Го смирува нервниот систем, го подобрува сонот
Магнезиумот регулира одредени хормони во нашиот организам кои имаат смирувачко дејство на мозокот, придонесува за релаксација и опуштање. Овој минерал е важен и за функцијата на неуротрансмитерот наречен габа, заслужен за лачење на серотонин, хормонот на среќа.


2. Ја крева енергијата
3. Го подобрува метаболизмот
Магнезиумот ја регулира желудочната киселина, па тие што патат од опстипација, важно е да го внесуваат магнезиумот во организмот. Ги опушта и мускулите во целиот дигестивен систем.
4. Помага при воспоставување рамнотежа на нивото на натриум, калиум и калциум во организмот
Недостатокот на магнезиум во организмот негативно ќе се одрази и на нивото на други минерали, меѓу кои калиум, калциум и натриум. Магнезиумот помага во транспортот на јони на овие минерали. Важен е и за нормални контракции на мускулите и срцето.
5. Ги намалува грчевите, болките и напнатоста во мускулите


6. Ја ублажува мигрената и ја спречува депресијата
Магнезиумот придонесува за циркулација на крвта, го спречува стеснувањето на крвните садови, кое е најчест причинител за зголемување на крвниот притисок, ги опушта хормоните за ублажување на болки, па овој минерал може да ја спречи или ублажи појавата на мигрена.
7. Го чува здравјето на срцето и крвните садови
8. Придонесува за здравјето на коските и забите
9. Одличен за детоксикација на организмот
10. Го намалува ризикот од дијабетес тип 2
Се смета дека речиси 50 проценти од дијабетичарите имаат ниско ниво на магнезиум во крвта, како и дека недостатокот од овој минерал го зголемува ризикот за заболување од дијабетес тип 2.
Освен во форма на таблети или прашок, магнезиумот најдобро е да се внесува преку храна, а се содржи во: коприва, спанаќ, брокула, прокељ, црн грав, бадеми, индиски ореви, авокадо, компир, семки од тиква, банани, киноа, темно чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.