Што пронајдоа кај заменикот на Шојгу обвинет за поткуп! Куќа од 1.500 метри квадратни во Мексико, бесен автомобил каков што возел Сталин, но и нешто многу посебно… (ВИДЕО)

Во текот на кариерата во Министерството за одбрана, Иванов се стекнал со куќа од 1.500 метри квадратни и ретка лимузина од советскиот бренд „ЗИС“, пишува руската агенција РИА Новости, повикувајќи се на податоци од антикорупциската декларација за периодот од 2016 година до 2019 година.Руските медиуми откриваат детали за богатството  на заменик министерот за одбрана Тимур Иванов, кој е обвинет за поткуп и е во двомесечен притвор во Москва.Од 2016 до 2019 година, Иванов и неговата сопруга Светлана Захарова, со која се верува дека само фиктивно се развеле, набавиле куќа од 1.500 метри квадратни, ретка лимузина и неколку скапи автомобили. Сега Иванов е обвинет за криминален заговор и примање поткуп во особено големи размери, судот му ги заплени сметките и го прати во притвор, пишува Газета.ру.Според документите, Иванов и неговата сопруга секоја година купуваат нов автомобил или мотор. Во 2016 година имаа девет возила, а до 2019 година нивниот број порасна на 12. Меѓу значајните аквизиции на Иванов се Шевролет суурбан, кој го поседува од 2016 година и ретката лимузина ЗИС-110 што заменик министерот за одбрана ја купи во 2019 година. Цената на овој автомобил се проценува во опсег од 11 до 18 милиони рубли (од 110.000 до 180.000 евра). Засега не се знае дали Иванов се уште го поседува овој автомобил. Инаку, станува збор за особено луксузна лимузина, во која модифицираната верзија ЗИС-115 ја возеше советскиот лидер Јосиф Висарионович Сталин.

Од 2016 година, Светлана Захарова поседува автомобили како што се Бентли Континентал, Астон Мартин, Хамер Х2, како и два мотоцикли Харли Дејвидсон.Куќа, апартмани во МексикоВо 2019 година семејството Иванов се здоби со станбен објект со површина од над 1,5 илјади квадратни метри. Се претпоставува дека куќата е заведена на име на сопругата на Иванов, а не на самиот заменик министер. Од 2016 година Иванов има само удел во станот од 44,2 метри квадратни во употреба. Според документите, нивното дете од 2016 година поседува стан од 350 квадратни метри во Мексико.

Во исто време, официјалниот приход на Иванов не пораснал многу со текот на годините: во 2016 година тој пријавил 14,2 милиони рубљи (142.000 евра), а во 2019 година – 8,3 милиони рубли (84.000 евра).Во 2016 година, Иванов беше најбогат меѓу замениците на шефовите на Министерството за одбрана. Магазинот „Форбс“ постојано го вклучуваше на листата на „најбогати руски безбедносни функционери“. Во 2019 година, тој беше на врвот на оваа листа со семеен приход за 2018 година од 136,7 милиони рубли.Иванов беше приведен вечерта на 23 април. Од 2016 година ја извршуваше функцијата заменик министер за одбрана и ја надгледуваше работата на воениот градежен комплекс. Според инспекторите, тој учествувал во криминален заговор со трети лица за примање поткуп во особено големи размери со давање имотни услуги додека извршувал договори и работи поддоговори за министерството.Севкупно, износот на мито што го примил заменик министерот за одбрана од 2018 до 2023 година, според истражителите, изнесувал 1,185 милијарди рубљи, што е околу 12 милиони евра. Судот на Иванова и одреди притвор на два месеца, до 23 јуни и му ги одзеде сите сметки.Заменик-шефот на Одделот за одбрана се соочува и со уште двајца обвинети во кривичниот случај: Сергеј Бородин и Александар Фомин. Според истражителите, Иванов примал мито кога заедно со Бородин извршувал договорни и поддоговорни работи за потребите на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Александар Фомин, според обвинителството, му овозможил на Иванов да прима поткуп.

Пронајдете не на следниве мрежи: