Што сакаат машките хороскопски знаци да носи девојката на првиот состанок?

Рак

Раковите сакаат удобност, па затоа немојте да носите облека што ви го оневозможува тоа, како на пример претесен фустан или пак премногу високи штикли. На нив повеќе би им се допаднала девојка која носи нешто удобно, отколку некоја што е премногу средена. Затоа избегнувајте ги силните бои.

Лав

Лавовите сакаат нивната девојка да биде најпривлечна во просторијата и сите очи да бидат вперени во неа. Затоа, препорачливо е да бидете гламурозни на првиот состанок. За накитот важи истата приказна – што понападен, толку подобро. Лавовите ја сакаат црвената боја, затоа што привлекува внимание, но и златната и виолетовата, затоа што симболизираат благородништво.

Девица

Девиците не водат сметка за тоа каква облека носите, туку нив им е најважно убаво да мирисате. Тие не сакаат девојка која изгледа како кукла, па затоа не носете премногу шминка или лак за коса. Хигиената им е на прво место. Кога станува збор за боите кои ги сакаат, најдобро е да се придржувате до неутралните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.