Што се мајмунски сипаници?

Во Македонија во четвртокот за првпат беше потврден случај на мајмунски сипаници кај две лица. Во зависност од мутацијата, мајмунски сипаници не се сметаат за опасни за луѓето, но експертите советуваат на внимателност.
Мајмунската сипаница (Monkeypox-Mpox) кај луѓето доведува до иритации на кожата со пустули и плускавци кои на крајот пукаат и потоа чешаат, иако ретко оставаат лузни. Инфекцијата е слична на нормална сипаница (сипаници или вариола). Првиот сомнеж за активен случај во Македонија се појави во 2022 година кога едно лице од Кичево беше сомнително на вирусот. Во тој период низ Европа се рашири епидемија на овие сипаници која беше најакутна во Велика Британија.
Во август 2024 година, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи највисоко ниво на тревога, откако се појави мутирана варијанта на сипаниците во Демократска Република Конго. Оваа варијанта беше позаразна од претходните видови со опасност да предизвика исклучително тежок тек на болеста.
Речиси една година подоцна, во четвртокот на 22 мај, македонскиот Институтот за јавно здравје потврди дека лабораториски се потврдени два случаи на мајмунски сипаници во земјата. На двајцата позитивни пациенти им е препорачано да се јават на Инфективна клиника. Засега нема подетални информации за тежината на болеста кај пациентите.
Како се пренесуваат инфекциите?
Преносот од човек на човек на мајмунска сипаница најчесто се одвива преку близок телесен контакт. Честопати, синџирот на пренос се прекинува откако мал број поединци се заразени. Во моментов, истражувачите интензивно се обидуваат да утврдат дали преносот се јавува преку контакт меѓу оштетена или повредена кожа и секрети од сипаници.
Повеќе тука
The post Што се мајмунски сипаници? appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: