Што се случува во телото ако премногу брзо јадете?

Правилната и здрава исхрана е клучна за да водите здрав живот. Но, најновите истражувања потврдија дека покрај тоа што јадете, важно е и како јадете, односно колку брзо ја снемува храната од вашата чинија.
Јапонски научници ги следеле промените и здравјето на 1.083 луѓе во текот на пет години. Испитаниците биле поделени во три категории, врз основа на толку брзо јадат: бавно, нормално и брзо. На почетокот на истражувањето сите учесници пополниле прашалници за нивните навики на исхрана, степенот на физичка активност и општата здравствена состојба.
На почетокот на истражувањето никој од испитаниците не боледувал од метаболитички синдром, што значи дека никој од нив немал најмалку три од следните фактори: прекумерна дебелина во пределот на стомакот, ниско ниво на HDL холестерол, зголемено ниво на триглицериди, зголемен крвен притисок или шеќер во крвта.


Лоши вредности на најмалку три од овие наведени параметри укажуваат на зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес, а со еден термин тоа се нарекува метаболитички синдром.
Пет години подоцна, кога повторно го пополнувале истиот прашалник, се покажало дека 84 испитаници развиле метаболитички синдром, а според резултатите од студијата објавени во стручното списание Circulation, поголемиот дел од нив биле од групата луѓе кои јаделе брзо.
Луѓето кои јадат „од нога“ имаат за 89% поголем ризик од развивање на метаболитички синдром во споредба со оние кои јадат побавно и седејќи.
Научниците дојдоа и до други заклучоци во ова истражување. Испитаниците од групата луѓе кои јадат брзо во текот на петте години се здебелиле, имале поголем обем на струкот и зголемено ниво на шеќер во крвта во споредба со другите испитаници.
Лекарите велат дека тоа е поврзано со фактот дека на мозокот му е потребно време да ја обработи информацијата дека сте сити, а додека не се случи тоа, вие подолжувате да јадете.
„Кога луѓето јадат брзо, продолжуваат да јадат и откако престанале да чувствуваат глад“, вели доктор Такаџуки Џамаи од Универзитетот во Хирошима, кој го водеше истражувањето.
„Исто така, луѓето кои јадат брзо имаат посилни скокови во нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до инсулинска резистенција“, додава тој.
Ова истражување ги потврдува резултатите и од претходни истражувања кои веќе укажале дека за добро здравје е многу важно да јадете полека. Истражување спроведено во Нов Зеланд покажа дека луѓето кои јадат брзо и „од нога“ имаат поголем Индекс на телесна маса во споредба со оние кои јадат полека и седејќи, а едно истражување во Кина покажа дека луѓето јаделе помалку храна во количина откако им било речено да го џвакаат секој залак 40 пати, наместо просечните 15, пред да го голтнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.