Што се случува со вашето тело кога јадете бадеми

Експертите ги нарекуваат бадемите „суперхрана“ поради бројните позитивни ефекти што ги имаат врз здравјето, а би можеле да бидат корисни и во спречувањето на деменција.

Сепак, многу луѓе ги нарекуваат бадемите висококалорични, а нутриционистите истакнуваат дека тоа всушност не е вистина. Истражувањата покажуваат дека кога се јадат цели, околу 30 проценти од нивните калории не се апсорбираат, туку наместо тоа се хранат со корисни цревни бактерии.

Уште поважно, бадемите се полни со омега-6 масни киселини, мононезаситени масти, растителни влакна, витамин Е и полифеноли – хранливи материи поврзани со поздрави крвни садови, намален кардиоваскуларен ризик и подобро здравје на мозокот. Здравјето на крвните садови е поврзано со намален ризик од деменција.

„Јатките како бадемите се вистинска „нутритивна бомба“. Тие се полни со здрави масти за срцето, влакна и биоактивни соединенија кои ја поддржуваат функцијата на крвните садови и цревниот микробиом, кои се тесно поврзани со когнитивното здравје и ризикот од деменција. Тие се полни со полифеноли, биоактивни супстанции кои имаат антиинфламаторно дејство“, вели меѓу другото научничката Сара Бери.

Таа додаде дека „микроваскуларното оштетување, односно оштетувањето на крвните садови, особено во мозокот, придонесува за одредени видови на деменција и други когнитивни заболувања“.
The post Што се случува со вашето тело кога јадете бадеми appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: