Што се случува со телото доколку дневно шетате 800 метри повеќе?

Шетањето е наједноставната физичка активност, но многу често знаеме да ја потцениме. Доколку секој ден шетате барем 800 метри повеќе, во Вашето тело ќе се случат значајни промени, кои се одлични за Вашето здравје.
За успешно да ја контролирате телесната тежина и да го одржувате здравјето, дневно треба да поминувате 10.000 чекори. Таа бројка Ви делува многу голема, особено ако работите во канцеларија или многу време поминувате во автомобил.
Дознајте кои 5 промени ќе Ви се случат доколку секој ден шетате 800 метри повеќе, односно ако направите 10.000 чекори повеќе.


1. Срцето помалку ќе се напрега
И најмалата промена која не вклучува седење, значително ќе го подобри здравјето и намали ризикот од срцеви болести. Движењето му овозможува на мускулите посилно да пумпаат крв низ телото со што се намалува отчукувањето на срцето, па срцето работи во нормален ритам.
2. Се намалува ризикот од мозочен удар
Зголемувањето на физичка активност директно го намалува ризикот од мозочен удар, а помогнува и во контролирањето на крвниот притисок, што дополнително го намалува ризикот од мозочен удар.
3. Лесно и брзо намалување на килограмите, а и го намалува холестеролот
Со пешачење можете многу брзо да намалите тежина, но резултатите ќе ги воочите после одреден период. Првите резултати можете да ги забележите после 10 недели.
Доколку имате висок холестерол, 10.000 чекори повеќе дневно ќе го промени тоа. Повеќе движење поттикнува согорување на холестеролот.


4. Нема да бидете под стрес многу често
Кратката и брза прошетка можеби е и најдобриот начин за да ја разбистрите главата и да се откачите од стресот. Имено, додека се движите, телото произведува хемикалии ендорфин, кој е одговорен за доброто расположение и истовремено го намалува кортизолот, хормонот за стрес, поради кој можете да се чувствувате лошо.
5. Коските ќе Ви зајакнат
Било која активност во која коските се под притисок од тежината на телото му даваат јачина на коските и ја намалуваат појавата од остеопороза. Тоа се случува бидејќи кога коските мора да ја трпат тежината на телото, тие сè повеќе се напрегаат и на тој начин се зајакнуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.