Што фали во ангажманот на странски експерти за непотребните операции ?

Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Љубљана, Уголино Ливи, кардиохирург од Италија и Хугон Можина, специјалист интернист и специјалист по интензивно лекување во Љубљана, се тројцата странски експерти кои ќе бидат консултирани за случаите на непотребни кардиоваскуларни интервенции, јавува МИА.

Според нашите експерти, проблем е што во оваа група нема интервентен кардиолог, кој што всушност ја дава дијагнозата, без ангажман на таков стручњак, кај нашите експерти се јавува сомнеж. Посебно во однос на третиот странски експерт, д-р Можина, кој е интернист.
Нејасно е и зошто толку долго се чекаше за странските експерти. Првично се велеше дека проблемот се локалните избори, но тие завршија пред два месеци, така што очигледно дека тука работите не одат како што треба.
Нејасно е и зошто ЈО молчи, иако има осум потврдени случаи на непотребни интервенции зад кои застанаа 16 наши врвни кардио-експерти, а на тие осум потоа беа додадени упте два случаи. Така што, без никакви оддолговлекувања, ЈО можеше да постапува бидејќи, фактички има експертско вештачење на 16 наши стручњаци.

Пронајдете не на следниве мрежи: