Што ќе добие Јелена Карлеуша ако се разведе?


Според пишувањата на српски “Ало“ Душко Тошиќ веќе поднел барање за развод од Јелена Карлеуша.  Тошиќ не сакал да ѝ ја прости аферата со Огњен Врањеш, ниту пак, да го дели своето богатство со неа. Тој, наводно, веќе контактирал со адвокат, сака да го забрза процесот на развод и ја избркал Јелена од Кина, но таа не сакала да си оди од таму, пишуваат српските медиуми.
Порталот се повикува на Близок пријател и соиграч на Душко, кој открил дека неколку часа откако се појавиле пораките помеѓу Јелена и Огњен, Тошиќ побарал контакт со добар адвокат за разводи, пишува порталот. Но, Душко ќе даде сè од себе разводот да помине што побезболно, како за него, така и за децата, заради што и не размислува да се бори за семејната недвижност која неодамна ѝ ја купи на Јелена.
Куќата која чинеше 2,5 милиони евра Тошиќ планира да им ја остави на ќерките и Јелена, бидејќи сака да бидат на сигурно. Освен огромната куќа, Душко на сметка има повеќе од 350.000 евра, што е многу помалку од 4,5 милиони евра, кои ги заработи во Турција.
– Кога почна целата приказна за Јелена со Огњен, сите ние што добро го познаваме Душко му рековме дека се ќе помине, ако не се појават докази. Откако беа објавени слики, снимки и пораки и цела Србија ја виде неговата жена со друг, тој веќе не можеше да издржи. Најтешко му беше кога беа објавени пораките каде таа на љубовникот му кажува дека Душко ѝ е како брат и го опишува до детали. Е тука Душко пукна, изјавил изворот за „Ало“. Засега ниту Душко, ниту Јелена не ја потврдиле веста за разводот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.