Што ќе се случи ако Бајден или Трамп се повлечат од претседателската трка пред изборите?

Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот американски претседател Доналд Трамп се упатуваат кон уште една пресметка на претседателските избори во ноември. Но, правните предизвици на Трампир и возраста на двајцата кандидати би можеле да влијаат на претседателската кампања. Експертите посочуваат дека повлекувањето на главните кандидати од претседателската трка би довело до комплицирани процеси за нивна замена.

Трамп се соочува со 91 кривична пријава, а најмалку една од тие обвиненија се очекува да оди на суд оваа година.

Здравствените проблеми би можеле да го погодат Бајден, кој има 81 година.

„Печатот зборува за годините на Бајден, но не и за годините на Трамп“, рече Бајден. Трамп има 77 години.

„Во ноември ќе имаме голем ден бидејќи ќе го вратиме раководството на земјата“, рече Трамп.

Но, што ќе се случи ако некој од кандидатите умре или од здравствени причини не може да ја продолжи кампањата пред ноемвриските избори?

Ако тоа се случи пред националните конвенции на двете партии, некои држави може да го повлечат датумот на прелиминарните избори за да дозволат повеќе кандидати да влезат во трката.

Претседателските кандидати на секоја партија се објавуваат на нивните национални конвенции. Националното собрание на републиканците ќе се одржи во јули, додека на демократите во август. Доколку фаворитот се повлече и ниту еден друг кандидат не успее да обезбеди мнозинство од гласовите, тогаш делегатите на партијата можат да изберат некој друг.

„Делегатите ќе имаат голема слобода да преговараат. Веројатно можат да изберат кандидат кој не учествувал во предизборната кампања. Ова се случи кај нас. Но, тоа ќе зависи од националните конвенции на републиканските и демократските партии“, изјави Џон Фортие од Институтот „Американ Ентерпрајз“ за Гласот на Америка.

Доколку кандидатот кој победи на прелиминарните избори се повлече по националното собрание, тогаш партиите повторно се состануваат да го заменат и тоа не гарантира избор на кандидат за потпретседател.

И да се случи тоа по изборите, процесот е ист. На пример, дури и ако Бајден победи на изборите, но не може да започне нов претседателски мандат, потпретседателката Камала Харис нема автоматски да го замени, државните избирачи ќе мора повторно да гласаат за да го изберат претседателот.

Но, што ако не успеат да го сторат тоа?

„Во овој момент, доколку ниту еден кандидат не обезбеди мнозинство, процесот се префрла во Претставничкиот дом. Изборите би завршиле со процес кој не се случил стотици години“, вели Мајкл Торнинг, директор за Структурна демократија во Двопартискиот политички центар.

Доколку новоизбраниот претседател умре по потврдувањето на изборниот резултат на 6 јануари, новоизбраниот потпретседател е инаугуриран за претседател на државата.

Секое од овие сценарија би довело до многу комплициран процес, кој би можел дополнително да се одолговлекува од страна на судовите, доколку дојде до оспорување на изборниот резултат.

Имајќи го предвид нападот врз американскиот Конгрес од поддржувачите на Трамп на 6 јануари 2021 година, таквиот процес повторно би можел да биде проследен со насилни дејства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.