сабота, 14 ноември 2026
Најново

Шуга во основно училиште во Козле

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кај едно дете од второ одделение во основното училиште “Владо Тасевски“ во скопската населба Козле неофицијално е потврдено дека е откриена шуга, а постои сомневање дека се заразени и други деца. Родителите се вознемирени затоа што оваа зараза по втор пат годинава се појавува во училиштето.
На децата утрово им било соопштено дека треба да го напуштат училиштето и да си одат дома, затоа што во училиштето ќе се врши дезинфекција. Децата не прашале која е причината, си заминале, но кога им соопштиле на родителите, дел од нив стапиле во контакт со училиштето и ја дознале причината. Од неразјаснети причини, класните раководители на неколку одделенија ги вратиле децата на настава, но подоцна и тие се испратени дома.

 

Поврзани вести