Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

Соопштение на СДСМ

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје.

Архитекти и експертска јавност ќе го предводат обновувањето и ревитализацијата на Скопје, најавува Каја Шукова кандидатката за градоначалник на главниот град од редовите на СДСМ.

Таа на социјалните мрежи напиша дека сегашната сликата за Скопје е урбан хаос, непланско и нестандардизирано градење без креативни и функционални решенија и сето тоа се должи на криминалното работење на локалната власт.

Градот, кој пост-земјотресот се обновуваше согласно тогаш најмодерните архитектонски решенија, логично и со визија за неговиот раст, која во својата есенција го имаше хуманото живеење, здрава животна средина, автентичен стил и култура поставени со урбанистичко решение на големиот Кензо Танге – основоположник на архитектонскиот структурализам, денес наликува на бетонска џунгла која се зголемува и шири без никаков план, стил и емпатија. Сето ова е резултат од криминалното работење на локалната власт раководена од ВМРО- ДПМНЕ и нивната, како што велеа најуспешна менаџерка – хаос, непланска и агресивна урбанизација, напиша Шукова на социјалните мрежи.

Наместо урбана метропола, Скопје е заложник на бизнис зделки, а истото го нуди и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓеорѓиевски кој е продолжена рака на Данела Арсовска, пишува Шукова.

Таа смета дека молчењето на Ѓеоргиевски за урбанистичкиот хаос е само негово ново продолжување.

И наместо нивниот нов кандидат за градоначалник на Скопје Орце, да го осуди урбаното дивеење низ Скопје, тој молчи, а молчењето значи поддршка. И молчењето значи дека Орце ќе биде само новото продолжение на Данела Арсовска, режирано од истиот партиски центар на моќ и воден од истите тесно-партиски пориви. Плановите за урбан развој на Скопје, кој би ги понудил Орце никако нема да се разликуваат од реалноста која ја живееме изминатите 4 години, со оглед дека тој не ја осудува досегашната урбанистичка политика напротив, сосем природно плива во рамките на истата. А тоа Скопје веќе не може да го издржи! – напиша Шукова.

Пронајдете не на следниве мрежи: