Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (5-ти на АТП) се пласираше во финалето на АТП турнирот во Атина, Грција, откако вечерва во полуфиналниот натпревар го победи Јаник Ханман (117-ми на АТП).
Ѓоковиќ беше подобар од германскиот тенисер со резултат од 2:0 во сетови, кои беа 6:3 и 6:4.
Во првиот сет, клучен беше шестиот гем, во кој Ѓоковиќ му го одзеде сервисот на Ханфман и направи брејк, а потоа стигна до победа од 6:3.
Во вториот сет, Ѓоковиќ наидува на проблеми бидејќи Германецот прави брејк и стигнува до 3:1, но потоа Ѓоковиќ прави два експресни брејка и прави пресврт.
На крајот, тој го доби вториот сет со 6:4 и се пласираше во финалето. Мечот траеше еден час и 20 минути.
Во финалето, Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Себастијан Корда и Лоренцо Мусети, кој ќе се игра подоцна вечерва. Тој ќе се обиде да ја освои својата 101-ва титула во кариерата.
The post Ѓоковиќ, на еден чекор од својата 101-ва титула, рутински го победи Германецот за финалето на турнирот во Атина appeared first on Во Центар.



