четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ѓоргиевски: Цената на лебот нема да се зголеми

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цената на лебот нема да се зголеми, изјави денес претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓоргиевски.Како што нагласи на прес-конференција, цената на пченицата е стабилна, а нема да има поголеми флуктуации ниту кај суровото сончогледово масло.Одговарајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, Ѓоргиевски нагласи дека бизнисот не се занимава со замрзнување на маржите, туку со формирање цени базирани на пазар.Според него, Законот за нелојални трговски практики треба континуирано да се спроведува.Во однос на минималната плата, Ѓоргиевски нагласи дека треба да има стабилна рамнотежа кога станува збор за платите. Зголемувањето на минималната плата, рече тој, влијае на зголемувањето на сите други плати.„Проблемот не е бизнисот, туку администрацијата. Мора да научиме дека мора да работиме за да бидеме платени. Мора да создадеме работна ситуација во општеството“, нагласи претседателот на CCK.

Поврзани вести