Ѓорѓиевски верува дека ќе победи во првиот круг, Шукова вели ќе има втор круг

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓоргиевски очекува победа уште во првиот круг на изборите, а кандидатката од СДСМ Каја Шукова верува дека ќе има втор круг и дека ќе влезе во овој круг на изборите.
Ѓорѓиевски верува дека ќе победи уште во првиот круг, а овие свои размислувања ги темели на неговите резултати како градоначалник на Кисела Вода во изминатите четири години, а Шукова вели дека влегла во трката за градоначалник затоа што има сериозна кариера во областите што му се потребни на Скопје, а го следела и процесот на децентрализација и ги знае проблемите на локалните самоуправи.
Двајцата противкандидати на првото телевизиско соочување на Канал 5 ги вкрстија аргументите за тоа што ќе направат за главниот град.
Ѓорѓиевски вели дека ќе работи самостојно без сугестии од никого, а за премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека никогаш не му сугерирал за одредена ситуација, туку дека секогаш бил насочен кон тоа да помогне во реализацијата на одредени проекти.
– Јас сум возрасен човек и никој не може да ми сугерира освен граѓаните, рече Ѓорѓиевски
Шукова, пак, вели дека нема да се повлече политички доколку нема втор круг на изборите затоа што како потпретседател на СДСМ останува да и помогне на партијата во нејзината консолидација.
Во трката за градоначалник на Скопје во недела влегуваат вкупно 16 кандидати.

Пронајдете не на следниве мрежи: