Започнуваме со одбележувањето на еден век Зоолошка градина Скопје, следуваат нови инвестиции, објави денес на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
– Оваа година има посебно значење.
Го најавуваме големиот јубилеј, 100 години постоење, исполнети со спомени, детска радост и вредности што траат.
Но истовремено, тоа е и наша обврска да создадеме подобри услови и посигурна иднина.
Со поддршка од врвни експерти и нова енергија, како Марјо Худемакер кого ја имаме честа денес да е со нас, правиме чекори кон враќање на Европска асоцијација на зоолошки градини и аквариуми и поставување повисоки стандарди за животните, за едукацијата и за довербата.
Следуваат инвестиции, модернизација и нови содржини, со цел ЗОО да биде место каде се учи, се доживува и се гради свест.
Ги започнуваме и кампањите за поддршка, вклучувајќи грижа за животни, каде секој може да даде свој придонес и да се грижи за одредено животно.
Да застанеме заедно зад оваа визија.
Достоинствено и со гордост, кон 100 години ЗОО Скопје – напиша Ѓорѓиевски.



