четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ѓорѓиевски: Секое новородено дете е надеж и заедничка обврска за градење подобра иднина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Малата Евгенија Камчева е првото бебе родено во Скопје оваа нова година. Таа се роди точно на полноќ, пречекувајќи го главниот град во 2026 година со убава и симболична вест – почеток на нов живот и нова надеж.

Градоначалникот на Градот Скопјe, Орце Ѓоргиевски, го сподели радосниот настан на социјалните мрежи, посакувајќи ѝ на новородената Евгенија здравје, среќно детство и живот исполнет со љубов, достоинство и можности.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Секое новородено дете е надеж и заедничка обврска за градење подобра иднина, побезбедна држава и посилно општество“, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека новата година треба да биде година на нови животи, радост и насмевки.

Тој упати и искрени честитки до мајката Емилија, посакувајќи ѝ добро здравје, среќа и успех, нагласувајќи дека Евгенија е најубавиот почеток на новата година за Скопјани.

Поврзани вести