Ѓорѓиевски: Ќе се градат двокатни гаражи во Клиничкиот центар во Скопје

Градоначалникот на град Скопјe, Орце Ѓорѓиевски, најавува дека во соработка со министерот за здравство Азир Алиу, одлучиле Општина Скопјe да гради двокатни гаражи кај Клиничкиот центар.

Како што вели Ѓорѓиевски, се очекува овие катни гаражи да создадат 500 нови паркинг места.

„Денес, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и тимот експерти од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ и Општината Скопјe, одржавме координативен состанок со кој официјално го започнавме процесот на изградба на две монтажни гаражи во рамките на Клиничкиот центар. Со имплементацијата на овој проект, кој ќе го спроведува Градот Скопјe, ќе бидат обезбедени околу 500 нови паркинг места, со што конечно ќе се стави крај на долгогодишниот хаос со паркирањето во и околу Клиничкиот центар.“

„Ова е конкретно, функционално и трајно решение кое директно ќе го олесни секојдневниот живот и работа на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата земја кои секојдневно доаѓаат на лекување. Изградбата на гаражата ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, бесплатен и непрекинат пристап до итна медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, почитувајќи го јавниот простор и современите урбани стандарди“, вели Ѓорѓиевски.
The post Ѓорѓиевски: Ќе се градат двокатни гаражи во Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: