Ѓорѓиевски i Мицкоски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“

„Се сеќавам, пред 13 години, кога токму од овде, на манастирот „Руса Среда“ на Пеленица, од една идеја, од една искрена дружба со ветераните и со мојот драг пријател Христијан Мицкоски, се роди традиција која денес живее, расте и обединува. Ова место е симбол за нас

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на традиционалниот собир на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, кој по традиција се одржа во дворот на манастирот „Пеленица“ во близина на скопската населба Драчево. Настанот, кој со години наназад ги собира долгогодишните членови и основачи на партијата, помина во знак на сплотеност и заедништво.
Премиерот ја искористи можноста јавно да изрази почит кон луѓето кои ги поставиле темелите на партиската структура.
„Настанот помина во духот на заедништво, почитување на вредностите што не обединуваат и пријатно дружење со долгогодишни пријатели и поддржувачи. Чест ми беше што бев дел од оваа средба“, објави премиерот Мицкоски.
На средбата беше и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој го пречека премиерот и  потсети на самите почетоци на оваа манифестација, истакнувајќи дека Пеленица има посебно значење и претставува симбол на истрајноста на партиското членство низ годините.
„Се сеќавам, пред 13 години, кога токму од овде, на манастирот „Руса Среда“ на Пеленица, од една идеја, од една искрена дружба со ветераните и со мојот драг пријател Христијан Мицкоски, се роди традиција која денес живее, расте и обединува. Ова место е симбол за нас. Симбол на верба, на заедништво, на истрајност и на љубов кон татковината… Ветераните се нераскинлив дел од ВМРО. Тие се столбот на кој се потпира партијата, но и еден од темелите врз кои се градела и се гради Македонија. Нивната борба, нивната верност, нивната пожртвуваност и нивната љубов кон државата заслужуваат длабока почит.“

The post Ѓорѓиевски i Мицкоски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“ appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: