петок, 13 ноември 2026
Најново

Ѕвездан Георгиевски в.д. претседател на ССНМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новинарот Ѕвездан Георгиевски ќе биде в.д. претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) до изборот на нов претседател, беше соопштено на денешното изборно собрание на синдикатот. На Собранието беа избрани и назначени новите членови на Извршниот одбор, Надзорниот одбор и членови на Статутарна комисија.
Изборот на в.д. претседател се случил бидејќи немало кандидат од членовите на ССНМ за претседател, а раководењето го презема Извршниот одбор, рече Тамара Чаусидис. Таа беше претседател на ССНМ последниве осум години.
Новоизбраниот в.д. претседател Георгиевски потенцираше дека Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници е важна алка не само во остварувањето на новинарските права што произлегуваат од работниот однос и во зголемувањето на социјалниот статус на новинарите, туку и во остварувањето на новинарскиот идеал – слобода на говорот.

 

Поврзани вести