„Ѕвездата на Гранд“ момчето ја однесе во Париз да го прослави роденденот, а таму доби верички прстен, ама изгледа саканиот го промашил моментот?

Пејачката и поранешна учесничка во “Ѕвездите на Гранд”, Катарина Грујиќ, поминаа неколку незаборавни денови во Париз. Нејзиното момче во Париз и организираше луксузна прослава на 27-ми роденден, но потајно тој подготвувал уште нешто.


Избраникот пејачката ја изненадил со тоа што отседнале во еден од најпрестижните хотели со поглед на Ајфеловата кула. Токму на полноќ, нивната заедничка вечера ја прекинале вработените во ресторанот и на Катарина и ја донеле роденденската торта, со неизбежниот огномет од прскалки.
Меѓутоа, како што пренесува српски “Свет”, по се’ изгледа дека тоа не било сè од момчето, кое допрва и го приредило најголемото изненадување на пејачката. Грујиќ, наводно исто така, добила и скап прстен на подарок, за кој се верува дека е веренички, иако таа одбила да зборува за тоа.
Атрактивната Каќа одлучила да не го открива дури и идентитетот на нејзиниот сакан, што ги подгрева гласините дека можеби „саканиот го промашил моментот“, па се чека да видиме што ќе се случи набргу со нејзината врска? Брак или разделба?

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.