Ѕирнете во внатрешноста на авионот со кој Путин пристигнал во Женева: Луксузниот ‘Летечки Кремљ’ има дури и позлатен тоалет

Долгоочекуваниот состанок на Владимир Путин и ЏО Бајден, беше одржан вчера во Женева, а рускиот претседател во швајцарскиот геад пристигнал со луксузниот авион ‘Летечки Кремљ’.
Бајден на самитот пристигнал со познатиот „Air Force One“, а она што можеби е најмалку познато е дека авионот на Путин чини околу 455 милиони евра и дека има дури и позлатен тоалет.
Авионот е дизајниран во нетипичен стил. Има сала за состаноци со позлатена маса, околу која има кожни фотелји.


Поседува теретана, бар и спална соба, а државните обележја се видливи низ целиот декор.
Како што е всушност и потребно за авионот со кој се превезува светскиот лидер, во него има команден центар што може да се искористи за мобилизирање војници, во случај на борбена ситуација кога Путин е во воздух.


Завршен е историскиот самит
Разговорите на рускиот и американскиот претседател, беа одржани во вилата „Ла Гранж“ и траеја помалку од четири часа, што е многу помалку од што очекуваа советниците на Бајден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.