ЈАБОЛКА СО МЕД И ЦИМЕТ ОД РЕРНА: Брз и евтин десерт совршен за диета

Ќе ви треба:

4 големи јаболка50 г ореви или бадеми, грубо исечкани3 лажици мед1 лажичка цимет1 лажица суво грозје или брусница (по желба)малку путер за прелившлаг

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Отстранете ја јадрото и семките од јаболката, но погрижете се дното да остане непрободено. Измешајте ги оревите, медот, циметот и сувото грозје во сад. Наполнете ги јаболката со подготвената смеса. Намачкајте малку путер одозгора. Наредете ги јаболката на плех обложен со хартија за печење. Печете од 25 минути до половина час во рерна претходно загреана на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: