Јадете ги редовно, спречуваат дијабетес

Ако редовно јадете малини ќе имате поубав тен, посилна коса, подобро здравје и кардиоваскуларен систем, подобар имунитет и помал ризик од воспаленија.
Ова вкусно овошје има моќни антиоксидативни својства. Тоа значи дека го намалува делувањето на слободните радикали и така штити од рак на дебелото црево, дојката, матката и простатата.
Фитонутриентите во малината спречуваат ширење на клетките на ракот, така што ги поттикнуваат на апоптоза, односно самоуништување.


Двеста грама од ова овошје на ден содржи препорачани количини на витамин Ц. Изобилуваат со влакна, фолна киселина, витамик К, Е5, манган, магнезиум, бакар, калиум и омега 3 масни киселини.
Оние чија исхрана е богата со малина имаат помал ризик да се разболат од дијабетес и да се здебелат. Кетоните во овие црвени плодови се заслужни за контролата на глукозата во крвта. Тие ги намалуваат и масните наслаги.
Со јадење на малина се активира хормонот адипонектин, од чиј недостиг патат луѓе со дијабетес тип 2. Адипонектин ја враќа рамнотежата во крвта, го намалува ризикот од срцев удар и други болести.
Предноста на јадењето малини е во тоа што кожата ја прават поотпорна на штетните зраци од сонцето. За таа цел корисно е и масло од малина кое одлично ја штити кожата, бидејќи содржи високо ниво на омега 3 и омега 6 есенцијални масни киселини и витамин Е. Се проценува дека заштитниот фактор на ова масло е меѓу 30 и 50.


Освен заштитата од сонце, маслото од малини е добро и за кожата. Посебно за намалување на брчките, стриите и разни воспаленија на кожата.
Не е лековит само плодот, туку и листот од малина. Чај од листот од оваа билка помага кај менструалните грчеви и силните крварења од вагината. Применет по породувањето го забрзува закрепнувањето на матката и поттикнува создавање на млеко. Овој чај може да се користи и за зајакнување на непцата, дезифенкција на крајници, спречување на пролив и кај очни заболувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.