Јадењето и пиењето поскапуваат, ама спиењето не е.

Во декември, споредено со истиот месец лани, кафеаните во Македонија значително поскапеле, но вкупниот процент на раст на цените во угостителството е само 3,5 отсто бидејќи во меѓувреме , пренесе Слободен Печат, поевтинило ноќевањето во сместувачките капацитети и тоа за 12,1 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Цените на храната во угостителството пораснале за 7,8 отсто, на алкохолните пијалаци за 8,7%, а безалкохолните поскапеле за 5,3%.

Во целата 2025 година, во однос на претходната 2024 година, цените во угостителството се зголемени за 4,8 отсто. Притоа, храната поскапела за 6%, алкохолот за 6,9%, а безалкохолните пијалаци – за 5,9%, вели државната статистика.

Пронајдете не на следниве мрежи: