Актуелниот градоначалник на Општина Карпош и кандидат за нов мандат, Стевчо Јакимовски, најави курсеви за највозрасните за онлајн плаќање сметки.
„Имаме 12.000 пензионери, а секој од нив е дел од семејството на Карпош. Затоа воведуваме бесплатни курсеви за онлајн плаќања, за полесен, посовремен и поудобен живот.
А оние со ниски примања, ќе добијат финансиска помош од општината.
Карпош се грижи за своите луѓе — секогаш и без исклучок„ – изјави Јакимовски.



