Министре, кажете ја вистината – Карпош ве разобличи!
Министерот за спорт, со своите несреќни изјави пренесени преку партиски медиуми, уште еднаш не потсети како функционира матрицата на заробена држава – нешто што неговата партија многу добро знае да го практикува. – вели во објава на Фејсбук градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Во продолжение целосната објава на Јакимовски:
Во изминативе денови, веќе нема кој не се увери:
Салата „Наум Наумовски – Борче“ беше примопредадена на Општина Карпош со бројни недостатоци.
И покрај тоа, ![]()
низ бројни примери и настани се виде дека таму континуирано се одржуваат домашни и меѓународни спортски настани.
Само министерот за спорт, водејќи се од онаа позната „сто пати повторена лага станува вистина“, упорно ја лаже јавноста, без око да му трепне. ![]()
![]()
⸻
Министре, како поранешен спортист, овие прашања би требало да ви се прелесни:
Како може во „затворена сала“ да се одржи меѓународен турнир со учество на педесетина држави од целиот свет? ![]()
![]()
Како може организаторите на тој турнир да ми доделат Благодарница за поддршката од општината, ако салата е „затворена“? ![]()
![]()
⸻
Наместо да се извините на јавноста и да побарате Владата да ја повлече одлуката, вие инсистирате да продолжите со лагите.
Со тоа само покажувате како функционира еден нездрав политички систем, управуван од вашата партија. ![]()
![]()
Како централна власт, вие ја поседувате сета моќ во државата, па лесно си носите какви сакате одлуки – без разлика дали се исправни, правични или водени од интересите на граѓаните.
Вашите медиуми се тука да ги шират лагите. А секој што ќе ви се спротивстави – го елиминирате со сила, затоа што не знаете со идеи и проекти да победувате.
⸻
Министре, не вршите насилство врз мене – туку врз карпошани!
Се обидувате да им го украдете култниот спортски објект каде што израснаа генерации. ![]()
![]()
А, за што? За вашите бизнис интереси. ![]()
![]()
Не го нападнавте Јакимовски – удривте по Советот на Општина Карпош и по граѓаните!
⸻
Министре, треба да ви биде јасно:
Како министер – немате луксуз да ја лажете јавноста.
Со повеќекратното повторување на истите лаги, покажувате дека не само што не се каете, туку тоа свесно го правите. А тоа ве прави недостоен за функцијата што ја извршувате. ![]()
⸻
За крај – еден совет:
Ако навистина сте толку способен колку што се прикажувате во јавноста,
наместо да се занимавате со веќе отворената сала Партизан,
засукајте ги ракавите и отворете го она што е навистина затворено:
Аква паркот
Базенот Карпош
Базенот до салата „Наум Наумовски – Борче“
На +40°C, скопјани, а особено карпошани, немаат ниту едно место каде да се разладат!
⸻
Доста беше!
Граѓаните не ви веруваат.
Карпош не молчи.
Карпош знае – и ќе ве потсети!



