петок, 27 ноември 2026
Најново

Јакимовски за Мицкоски: Човекот е лицемер и лаже

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски му одговори на Христијан Мицковски кој во Студио10 на ТВ24 рече дека причината поради која не го поддржува Јакимовски била неговата желба за бетонизација на Карпош.

„По скоро четири месечно молчење, за раскинување на нашата коалиција, меѓу мене и Христијан Мицкоски, конечно се огласи да ја каже причината во Студио 10, при гостувањето кај г-дин Мишко Иванов, нагласувајќи дека причината за нашето раскинување, е тоа што тој не ме поддржува во бетонизацијата на општина Карпош, и изградба на згради.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Мал збор ќе кажам дека човекот е лицемер, и дека лаже.

А, при тоа ќе дадам аргументи.

Ова е урбанистички план од Ѓорче Петров, населбата Дексион,

Каде градоначалник е Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ,

и советниците од ВМРО-ДПМНЕ, по налог на Христијан Мицкоски,

имаат изгласано урбанистички план,

каде треба да се градат 50 згради, повторувам, 50 згради,

меѓу кои и 17 катница.

Искрен да бидам, се чувствувам фрустрирано, затоа што, ваков рекорд,

со моето искуство, знаење и со мојот капацитет и габарит,

јас ваков рекорд не можам да оборам, и за мене навистина ова е недостижна бројка,

од 50 станбени згради во еден урбанистички план, кој очигледно го држи шпицен градоначалникот Христијан Мицкоски,

на територија на град Скопје“, рече Јакимовски.

Поврзани вести