Старата општинска барака на Карпош стана привремена градинка за 150 дечиња, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
– Општинска барака – привремена градинка за нашите најмали!
Вчера го ставив последниот потпис во старата општинска барака и ја предадов како привремена градинка за 150 дечиња.
Седум занимални, седум спални, кујна, мали шољички и цицибани – сè што им е потребно на нашите најмали жители.
Новата градинка „Мајски цвет“ ќе биде готова за само 8 недели – а до тогаш, ова е нивниот привремен дом за игра, учење и радост.
Карпош секогаш се грижи – и за сегашноста, и за иднината на најмладите! – вели Јакимовски.



