Јакимовски: Што не собра Мицкоски илјадници потписи против промената на името, или против Бугари во Устав?!

Јас не се кандидирам да му правам кејф на некого, или да му пречам на некого, а Мицкоски можеше поажурно да се заангажира за спречување на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, истакна во вчерашното гостување во Клан Дебата кандидатот за шеф на државата и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

– Се фалат собрале не знам колку илјади потписи за еден ден, јас да го прашам Мицкоски, што не собра толку потписи против Преспанскиот договор и промената на името, што не се побуни против бугарскиот договор? Јас не се кандидирам за на некого да му правам кејф или да му пречам, истакна Јакимовски кој додаде дека највисоките државни функции мора да бидат резервирани за личности со високи интелектуални и индивидуални квалитети.

Во врска со прозивките од Мицкоски дека Јакимовски е „опозиција на опозицијата“, тој вели:

Мицкоски има искуство со „опозиција на опозицијата“, тој мене ми глумеше опозиција на локалните избори 2021 кога од авион се гледаше дека јас ќе победам. Зошто го гореше господинот Оливер Зафировски, мој добар пријател, добар човек? Јас си имам моја партија, тој си има негова, што не ме поддржи Мицкоски мене? Што е ова покажување на сила за да се истакне дека во партијата го сакаат кандидатот? Има проблеми таму, од 60.000 членство нешто над 20.000 ја поддржаа Силјановска. Јас имам 3.000 членови, а 11.000 потписи. Значи мене ме поддржале граѓаните, вели Јакимовски кој додаде дека Мицкоски има потреба да прикаже во јавноста дека Силјановска е кандидат кој го поддржуваат во ВМРО-ДПМНЕ, но е свесен дека голем дел од членството не ја прифаќа како претседателски кандидат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.