Младата фудбалска ѕвезда Ламин Јамал сака целосно да се повлече од социјалните медиуми за да се фокусира исклучиво на фудбалските обврски.
По сензационалниот почеток на неговата сениорска кариера, Јамал западна во мала криза, а потоа доби совет од експерт – прво да ја намали употребата и активноста на социјалните мрежи, а потоа, доколку е потребно, да ја суспендира за некое време.
Тоа даде резултат. Шпанецот со африканско потекло во последно време ги намали социјалните медиуми и комерцијалните активности, а воедно покажа феноменална форма.
Младиот крилен напаѓач на Барселона постигна барем еден офанзивен ефект (гол или асистенција) во последните шест натпревари, запишувајќи пет гола и две асистенции.
Според „Ел Чирингито“, тој веќе драстично ја намалил својата онлајн активност и планира да ја суспендира на одреден период. Секако, не трајно, туку сè со цел да се фокусира на своите настапи за Барселона.
Оваа сезона, Јамал има 14 гола и 13 асистенции во сите натпреварувања за каталонскиот клуб.
The post Јамал го послуша советот и се повлече од социјалните медиуми, а тоа веќе почна да покажува резултати appeared first on Во Центар.



