Јамајка ја призна државата Палестина

Владата на Јамајка објави дека донела одлука да ја признае државата Палестина поради загриженоста за конфликтот во Појасот Газа и хуманитарната криза во палестинската енклава.„Оваа одлука е во согласност со силната посветеност на Јамајка на принципите на Повелбата на Обединетите нации, кои се обидуваат да промовираат меѓусебно почитување и мирен соживот меѓу државите, како и признавање на правото на луѓето на самоопределување“, соопшти Министерството за надворешни работи на Јамајка.Досега, покрај Јамајка, палестинската држава ја признале и 140 земји од ОН, се наведува во соопштението.Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, изјави дека нејзината земја сака „мирно решение на израелско-палестинскиот конфликт преку дипломатски дијалог, а не со воени дејствија“, пренесува Ал Џезира.

Пронајдете не на следниве мрежи: