Јана Стојановска: Секс за една вечер – апсолутно ДА (ВИДЕО)

Нашата позната актерка и екс мисица на Македонија, Јана Стојановска за естрадниот магазин “Бекстејџ“, за разлика од другите познати фаци, без проблем откри доста од својата приватност.
За почеток кажа дека среќна ја прават ситници, дека сака луѓе кои ги сакаат другите луѓе, кои немаат тенденција да повредуваат, но и дека ја прават среќна животните. Се плаши од разделби и верува во љубов после неверство, но не секогаш. Вели некои неверства се крај за врската, но смета дека некогаш се дури и потребни за да се стабилизира врската што веќе постои.
На прашањето каков маж сака, вели, убаво е да е убав, но многу и е важно да е шармантен и свој, да зрачи со својата посебна енергија и да стои зад неа.
Без проблем одговори и на провокативното прашање кое е најчудното место каде што водела љубов – на отворено, рече, додавајќи дека било многу романтично, но и дека ја гледале соседите. И од нас, за крај, што мисли за секс за една вечер, Јана одговори апсолутно ДА. За повеќе погледајте го ВИДЕОТО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.