„Јанева без која воопшто и не би бил можен милионскиот рекет, е оставена да се шета по плажи и фризерски салони“

Фактот дека Фејсбук ја загрозува приватноста на корисниците веќе не е изненадување, па така можеби ќе се сфати и најновата информација која вели дека компанијата им плаќала на илјадници надворешни соработници за да ги прислушуваат и забележуваат гласовните пораки на Фејсбук Месинџерот.
Соработниците по договор биле задолжени да ги слушаат разговори, меѓу кои се наоѓаат и пораки со вулгарна содржина, но ни самите не биле запознаени со причините поради кои на Фејсбук му се потребни транскрипти на тие пораки.

Фејсбук официјално потврди дека вршел бележење на гласовните пораки, истакнувајќи дека тоа веќе нема да биде нивна пракса. Од компанијата порачале дека, како што наравиле и Епл и Гугл, така и тие пред една недела го запреле прислушувањето на снимените аудио содржини.
Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, пред конгресот на САД претходно негираше дека компанијата собира тонски записи од корисниците за потоа да им пласира релевантни реклами или да одредува што корисниците може да видат на својот news feed. Сето ова Цукерберг го нарече „теории на завера“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.